Статуата на Кристијано Роналдо, која беше поставена лани на аеродромот Мадеира, и која предизвика многу потсмев во јавноста, конечно е заменета.

Емануел Сантос е авторот на бистата со ликот на Кристијано Роналдо што лани во март беше поставена на аеродромот на португалскиот остров Мадеира. По откривањето на бистата во родниот град на Роналдо, уметникот и делото стана предмет на исмевање и многумина упатија критики дека бистата воопшто не личи на фудбалерот и дека гримасата е по малку грда.

 

Аеродромот во Мадеира, што го носи името на најдобриот светски фудбалер, деновиве ја замени првичната бронзена статуа, со друга која може да се пофали со поголема сличност со португалската фудбалска ѕвезда.

Новата статуа е висока 90 сантиметри, тешка 60 килограми и е направена целосно од бронза.

Според медиумите, барањето за замена на бистата дошло од семејството на Роналдо, преку Музејот ЦР7, кој се наоѓа на португалскиот остров.

Кристијано не присуствуваше на откривањето на статуата, но на негово место беше легендата на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо.

Но, промената не помина добро и во тек е петиција за враќање на старата скулптура.

„Бистата беше голема атракција за нашиот остров и ние не можеме да ја прифатиме замената“, стои во петицијата.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here