Шон Конери предизвика бес во јавноста кога го повтори својот став дека жените треба да ги удирате со шлаканици и на тој начин го поддржа насилството. Актерот во деведесеттите години ја шокираше јавноста кога пред камерата изјави дека “на жените треба да им удирате шлаканици, доколку тоа го заслужиле“.
Неодамна, во разговор со новинарка, повторно ја отворил таа тема.
„Во претходно интерју ја застапувавте тезата дека не е најлоша работа на светот доколку ѝ удрите шлаканица на жена? И рековте дека треба да ги удирате со тупаница, а не со отворена дланка?“ – го прашала новинарката, а тој повторно ги запрепасти сите:
„Да. Не го сменив мислењето. Воопшто“ – изјавил Шон.
Јавноста остро ги осуди неговите ставови.
Социјалните мрежи беа преплавени со коментари од луѓето кои мислат дека е срамно да се поддржува било какво насилство. Актерот исто така го оправдал таквиот начин на однесување и навел ситуација во која жените го заслужуваат тоа.
„Мислите дека е добро да им удирате шлаканици на жените?“
„Не, не мислам дека е добро тоа“ – бил краток тој.
„Но, не мислите дека тоа е лошо?“
„Не, не мислам дека е лошо. Мислам дека зависи од околностите и од тоа дали е заслужено“.
„Заслужено? А што е тоа заслужено?“
„Па, ако сте се обиделе со сè друго, а жените се многу добри во тоа. Не можат да престанат. Ако им го дадете последниот збор и тие го имаат последниот збор, но продолжуваат… Сакаат тоа да го кажат повторно и повторно и потоа настанува провокативна ситуација. Потоа… Мислам апсолутно заслужено“ – се правдал Шон и ги оставил сите во шок.
Извор: точка.ком.мк