Активен вулкан на Хаваите досега уништи најмалку 35 објеки на Големиот остров, а ерупцијата не се смирува, пренесуваат тамошните медиуми.

Килауеа, еден од петте на островот  најактивни вулкани , и е постојано активен во последните 35 години. Последната ерупција почна во четвртокот на 3-ти мај  принудувајќи две области, со околу 1.700 жители да се евакуираат.

Два дена по ерупцијата  дојде до серија силни потреси, од кои еден беше со 6,9 степени според Рихтеровата скала. Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотрес со толкава јачина може да нанесе сериозни материјални штети. Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами истакна дека и покрај зголемувањето на нивото на водата крај островот за 40 сантиметри, нема опасност од цунами.

Локалниот функционер, Вил Окабе, соопшти дека се отворени две нови пукнатини и дека моментално лавата излегува од 12 отвори.

Фото: Американски геофизички институт

„Пожарите и понатаму избувнуваат во овој регион, многу објекти се уништени, станува збор за вкупно 35, од кои за сега е невозможно со сигурност да се утврди за колку станбени објекти станува збор“, вели Окабе.  Во таа област нивото на сулфур диоксид е опасно високо и спасувачките служби нема да бидат можност да им помогнат на граѓаните кои не се евакуирале.

Од опсерваторијата велат дека се уште нема знаци за смирување на вулканските активности и ширење на лавата, која покри област од околу 360.000 квадратни метри.

Гувернерот на Хаваи Дејвид Иге прогласи вонредна состојба со цел да се деблокираат дополнителни средства  за евакуација.

 

 

 

Во прилог погледнете како изгледаше кога лавата почнала да „голта“ улици.

https://www.youtube.com/watch?v=IZZZgO48T98

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here