Елеонора Мустафовска од Кратово, ученичка на легендарната кралица на ромската песна, Есма Реџепова – Теодосиевска, си го промени името и тргна да го освојува Балканот.

Таа ќе продолжи да настапува како Малиша, а ја промовираше и првата авторска песна под новото име. Песната е со наслов “Теби се предајем” која е  во модерен денс ритам.                     

Промената на името е чекор на кој се решила најмногу поради големата љубов кон својата внука од брат, Мали, која ја немала видено цели седум години и многу и недостигала.

-Од љубов кон Мали, но и од тага поради тоа што долги години не сум ја видела, јас решив да си го променам името и да ја продолжам кариерата како Малиша. Таа е ќерка на мојот брат и живее во Америка. Последен пат ја видов кога имаше две години, сега веќе е голема девојка и наполни девет години. Многу ми недостига, ова е во нејзина чест – вели Малиша за фокус.

Додава дека промената на името е нешто кое го практикуваат многу пејачи и артисти во светот, а се почесто и кај нас, и со новото име очекува и нови успеси.

– Долго време чекав на овој проект, но на крајот се исплатеше, со мојот тим на соработници направивме одличен пакет кој верувам дека ќе и се допадне на публиката. Презадоволна сум од соработката со “IDJTUNES”, а исто така презадоволн сум и од видеоспотот кој го снимивме во соседна Бугарија – вели Малиша.

Песна е на српски јазик и во соработка со продкцуската куќа “IDJTUNES”.

Извор: фокус gossip.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here