Страшна сообраќајна несреќа попладнево се случи на патот Гостивар-Кичево,  во која според неофицијални информации едно лице го загубило животот а 4 се повредени .

фото: gossip

Сообраќајната несреќа се случила околу 17:20 часот помеѓу две возила „Рено Меган“ со гостиварски ознаки и „Опел Астра“ со дебарски таблички,  на 4 километри од Гостивар во близина не еден од каменоломите. Детали од МВР не се откриваат, а полицијата повеќе информации ќе соопшти по завршување на увидот на местото на несреќата.

Според неофицијалните и првични информации, во тешката сообраќајка животот го загубил возачот на Реното, а со повреди се здобиле жена и дете од истото возило. Две лица од Опелот, според неофицијални информации, исто така се повредени.

Фото: gossip

Сите повредени лица биле пренесени во гостиварската болница на укажување лекарска помош, но до овој момент нема детали за нивната здравствена состојба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here