„Авалон продукција“ објави дека го раскинал договорот со македонската група „Дупер“, откако од неа беше избркана тапанарката Мартина Баракоска.

“Поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер и’ даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со младите момци.”, беше објавено на Фејсбук страницата на „Авалон“.

Ако се водиме по нивната песна “Ние сме два”, најпатетичната причина за отказ би била дека она била досадна.

Мартина ги потврди наводите на Милошески, но не сакала дополнително да коментира.

– “Не би сакала да дадам изјава. Сакам да почекам да биде официјално и од наша страна”- изјавила Баракоска за Женски Магазин.

Во бендот остануваат Бобан Какуринов (гитара, клавијатура) и Илчо Нечовски (вокал, бас гитара).

Триото се појави на сцената лани и неговата прва песна „Не сум твој тип“ за брзо време стана голем хит, собирајќи неверојатни 2,1 милион прегледи на Јутјуб. Договорот со „Авалон“ го потпишаа пред новогодишните празници и потоа добија „Златна бубамара“ за музичко откритие на годината.

Сега навистина се два, a она да ти била досадна 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here