Дрвото се наоѓа во селото Динош -Подгорица во Црна Гора и е навистина единствено, бидејќи од него тече вода. Овој феномен фасцинираше голем број корисници на социјалните мрежи.
Овој редок феномен обично го предизвикуваат обилни врнежи, кои ги преплавуваат подводните извори, па дополнителниот притисок предизвикува водата да излезе на површина.
Дрвото е шупливо, па практично се претвора во извор кога доаѓа до многу обилни врнежи.
На местото околу дрвото, доаѓаат многу заинтересирани посетители да го видат овој извор. Повеќето од посетителите се деца, жители на Динош, тие уживаат да играат околу дрвото, а одвреме-навреме ќе се напијат вода од дрвото.
Емир Хакрамај, локален жител, вели дека ова се случува веќе 20-25 години, а можеби и подолго, пренесува Радио Слободна Европа.
Истакнува дека дрвото е старо околу 100 години, „а можеби дури и 150“, а локалното население работи на заштита и зачувување на ова дрво.
Емир вели дека дрвото и покрај овој феномен нема ниедна легенда. Вели дека не се склони кон размислување, бидејќи ова е една сосем природна работа.
Погледнете го видеото: