Со кого од колешките се дружи Драгана Мирковиќ?

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ во интервју откри дека има добри односи со сите свои колеги а комуницра само со Лепа Брена и дека има посебна почит кон Јелена Карлеуша.

Драгана сака да помуабети со својата постара колешка со која вели дека поминала низ сито и решето.

– “Од колегите од естрадата контактирам само со Брена, кој е во мојот живот повеќе од 30 години. Двeте поминавме низ многу работи, добри и лоши. Ние сме многу приврзани и имаме посебен однос. Ние сакаме да зборуваме за работи што не се поврзани со работата, туку за нашите приватни животи “– вели Драгана.

Иако помалку комуницира со другите приватно, Драгана потенцира дека е во добри односи со сите свои колеги.

–” Најпрво, мислам на Миле Китиќ, Шемса Суjаковиќ, Кемал Маловчиќ. Години на знаење, дружење и работа се зад нас” – тврди таа.

Во последните години сте блиски со Јелена Карлеуша? На што Драгана одговара:

– Имаме специфичен однос. Ние последен пат се видовме пред околу шест години на новогодишната програма на мојата телевизија. Пиевме кафе двапати во животот, понекогаш се допишуваме, но не можам да кажам дека сме пријатели. Имаме нешто поважно, тоа е меѓусебно почитување. Понекогаш ми е подраго ваквото почитување а не некој што постојано ми вели „мацо, душо“, а зад грб којзнае што. Како човечко суштество, Јелена ме изненади многу – вели Мирковиќ.

И на прашањето зошто, Драгана одговара:

–” Пред два месеци, познаник заболе од карцином. На Инстаграм објавив дека му е потребна помош и ја замолив да ја објави, затоа што таа е дефинитивно најгледаната личност на нашите социјални медиуми. Таа веднаш стапила во контакт со лекарите во Грција кои ја лекувале покојната мајка Дивна, како и со експерти во Турција. Таа ангажираше сè за да му даде можност на овој мој познаник да отиде на многу важен преглед. Таа направи се што можеше, но за жал, беше доцна за него. Таа покажа колку е хуман и добар човек и колку е различна од тоа како се претставува себеси во јавноста ” – вели Драгана Мирковиќ!

Јелена својата кариера ја започнала со финансиска помош токму од Драгана. Покојната мајка на Јелена позајмила 25.000 марки од Драгана за снимање на првиот албум на Јелена. Оваа информација ја сподели Јелена пред 5 години на нејзиниот фејсбук профил:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here