Влогерите и комичари, Лајза Коши и Дејвид Добрик се многу познати на Јутјуб каналот, но пред само една недела јавно признаа дека тие двајца раскинале пред 6 месеци, а тоа никој од нивните следбеници не го забележал. Тие се прославија со смешните видеа, кои често биле и “директен пренос” на нивната врска.

Ова видео, во моментов има повеќе од 32 милиони прегледи, а заедно имаат повеќе од 24 милиони следбеници. Што значи, тие се едни од најпознатите Јутјуб парови.

Видеото не стекна голема популарност поради многубројните следбеници, туку стана вирално поради тоа што јасно се гледа колку се грижат еден за друг и дека и понатаму се најдобри пријатели. Ова раскинување е пример дека прекинување на една врска може многу да Ве боли, но и дека може да го пребродите со меѓусебно почитување и искрено пријателство.

Раскинувањата пред камерите станаа многу популарни, Сè повеќе парови се одлучуваат да раскинат пред камера и видеото да го објават на Јутјуб, па можеби тоа е најава дека наскоро ќе имаме нов тренд и гледаме и такви видеа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here