Конечно добри вести во врска со коронавирусот
Во клинички тестирања во Кина, јапонскиот лек „Фавипиравир” (познат и како „Авиган”) се покажал како успешен во лекување на заболени од КОВИД-19. Препаратот е одобрен за продажба во Јапонија во 2014 година и до овој момент нема податоци за никакви нус појави.
Фавипиравир кој веќе е сертифициран за третман на заболени од инфлуенца, ебола, жолта треска и други болести се тестирал на 320 пациенти од Вухан и Шензен.
Според резултатите, пациентите по 4 дена третман, биле негативни за корона вирусот, 91% од нив имале подобрена конндиција на белите дробови, а на 75% им се нормализирала температурата и кашлањето.

„Има висок степен на безбедност и е јасно ефикасен во третманот“, изјави Zhang Xinmin, официјален претставник на кинеското министерство за наука и технологија, пред новинарите на прес-конференцијата во вторникот пред новинарите.
Од Јапонските клинички тестирања, лекот се покажал поефективен кај лица со полесни симптоми, кои биле во пораните фази на заболувањето, и него препорачуваат на бремени жени.
Тестирањата ќе продолжат, но ова е добар чекор напред кон крајот на пандемијата.
Извор: Independent
Во меѓувреме придржувајте се до препораките од министерството за здравство и останете дома.