Светскиот ден на змијата се слави секоја година на 16 јули а креаторот или основачот се уште не е познат. Светскиот ден на змијата е ден за да се запознаат и разберат многу информации за овие  месојадни влекачи, кои се на пат да исчезнат пред се поради митовите и суевериjaтa што ги опкружуваат.

Првата реакција при спомнување змија за повеќето луѓе е страв и желба да ја убијат. Светскиот ден на змијата е ден за да се едуцираат и  информираат луѓето за тоа како да се справат со змии, на кого да се јават, и за ресурсите достапни за справување со змии и многу повеќе.

Змиите се еден од најстарите фиктивни ликови, и најчесто имаат високи почесни титули од различни  цивилизации низ целиот свет. Постојат речиси 3.458 видови змии кои постојат во светот, а повеќето од нив се наоѓаат во океаните. Тие се многу ефикасни предатори и играат витална улога во одржувањето на рамнотежата на природата во секое подрачје. Тие се фасцинантни по тоа што нивната антички лоза,  ни дава увид назад кон праисториското време кога влекачите владееле со земјата.

Веројатно никој не се насмевнува при средба со отровна змија, но сепак, оваа кобра предизвикува токму таква реакција. Фотографот Сувик Басу наишол на оваа неверојатната кобра во Индија.

Кобра е најголемата деструктивна змија во светот, ако  ве касне, нејзиниот отров го напаѓа вашиот нервен систем и може да доведе до запирање на срцето, при што симптомите од каснувањето се манифестираат меѓу 15 минути до два часа по нападот .

Доколку во топлите денови заминете на некоја ливада, планина или село, имајте предвид дека треба да внимавате на средбите со змии.

Змиите се плашливи и не напаѓаат без причина, т.е. ако не се загрозени. Доколку видите змија, само повлечете се, брзо ќе побегне, објаснуваат нивните проучувачи.

Без разлика на тоа каква е, дали е отровна или не, држете се настрана.

Доколку ве касне змија:

1. Веднаш измијте го местото со вода и сапун.
2. Држете ја раната пониско од нивото на срцето и со завој или друго платно подврзете ја раната 10 сантиметри над местото на каснување. Така ќе го успорите ширењето на отровот. Сепак, немојте премногу да го стегнете телото бидејќи ќе го запрете дотокот на крв. Нека завојот биде толку стегнат да можете да провлечете прст.
3. Што побрзо отидете на доктор и секое каснување доживејте го опасно.

Што не би требало да направите:

  1. Не сечете ја раната
  2. Не “цицајте” го отровот
  3. Не ставајте мраз на раната
  4. Немојте да паничите

Светскиот ден на змијата им нуди можност на овие влекачи подобро да ги запознае светот во кој заедно живееме.

Во Република Македонија живеат 16 видови змии, од кои само три се отровни.

Научен назив Македонски назив Слика
Eryx jaculus степски удав или песочница
Степски удав
Dolichophis caspius жолт смок
Жолт смок
Hierophis gemonensis балкански смок
Балкански смок
Platyceps najadum тенок стрелец или змија-џитка
Тенок стрелец
Coronella austriaca планински смок
Планински смок
Zamenis longissimus шумски смок или Ескулапов смок
Шумски смок
Elaphe quatuorlineata ждрепка
Ждрепка
Zamenis situla леопардов смок
Леопардов смок
Malpolon monspessulanus длабочелен смок
Длабочелен смок
Natrix natrix белоушка
Белоушка
Natrix tesellata рибарка
Рибарка
Telescopus fallax мачја змија
Мачја змија
Typhlops vermicularis црвовидна змија
Црвовидна змија
Vipera ammodytes поскок или камењарка
Поскок
Vipera berus шарка, лутица или осојница
Шарка
Vipera ursinii остроглава шарка, остроглава осојница
Остроглава шарка

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here