За сите љубители на растенијата, цвеќињата и работата во градина, следува сезона кога е важен начинот на нивната нега посебно наводнувањето, поради летните горештини кои допрва доаѓаат.

Со порастот на температурите исто толку се зголемува и ризикот за изумирање на растенијата во вашата градина и затоа мора да внимаваме секогаш да бидат наводнети.

Внимавајте на количината на вода
Никогаш не претерувајте со наводнување на растенијата. Иако за време на летниот период се препорачува наводнување до 3 пати во текот на денот, многу луѓе не се сложуваат со тоа. За да бидете сигурни, пред секое наводнување проверете ја земјата. Ако земјата е влажна може само малку да додадете вода.
Имено, најдобро време за наводнување на градината е вечерното време, бидејќи растенијата ќе може да користат водата се до наредното утро.

Еве неколку идеи како на најдобар начин да си го олесните начинот на одржување на влажноста на засадените растенија и цвеќња во вашата градина за време на летните горештини.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here