Без разлика како ќе замине, дали ќе биде нападнат од зомби, од некој човечки непријател или пак од некоја непозната опасност, во секој случај Рик Грајмс повеќе нема да биде дел од „The Walking Dead“.

Неколку извори наведуваат дека актерот Ендру Линколн ја завршува соработката со телевизијата AMC и „The Walking Dead“, како и дека неговиот излез од серијата ќе биде во текот на наредната сезона.

Ендру Линколн е во серијата од самиот почеток и тој полека го изгради неговиот лик како култен фаворит кај гледачите. Неговата улога во серијата во последните неколку сезони беше предмет на дискусија кај фановите, а некои дури сугерираа дека Рик треба да умре за серијата да продолжи да биде успешна.

Сепак, Рик Грајмс е еден од ликовите поради кои фановите ја засакаа серијата, па ќе биде чудно да се види како тој заминува, а серијата продолжува.

Во последната сезона од „The Walkind Dead“ умре синот на Рик Грајмс, Карл (Чендлер Ригс), додека гласините велат дека набрзо фановите би можеле да се збогуваат и од Меги Грин (Лорен Коан). Од AMC велат дека улогата на главна ѕвезда во серијата ќе ја преземе Норман Ридус, кој го толкува ликот на Дерил Диксон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here