Кубанците ги користат за рибарење, ферментција на вино, поправка на пукнатини на гуми па дури и како ластичиња за врзување на коса. Кондомите станаа  повеќенаменска алатка на овој остров каде што недостигот на основни продукти и високи цени ги принудија локалните жители да станат мајстори на иновации и да го искористат она што е евтино.

Децениските економски мегународни санкции и дисфункционалната централистичка економија,  направија кубанските продавници често да бидат празни а она што го има да биде скапо за повеќето жители поради просечна плата од 30 долари месечно.

Сепак продавниците се преполни со кондоми кои се евтини, една кутија со три кондоми чини само едно кубанско песо (околу 4 центи), ова е поради фокусот на Карибите на сексуалното здравје и владините субвенции.

Куба е меѓу земјите со  најниска стапка на заразени од ХИВ

Цврсти се и еластични, покрај нивната прична намена, контрацепција и заштита од сексуално преносливи инфекции, тие се употребуваат за различни индустриски и за рекреативни намени, велат Кубанците.

“Не можеме да дозволиме на клиентите да бидат незадоволни  бидејќи немавме соодветни алатки за да ги задоволиме нивните барања, па мораме да бараме алтернативи”, рече Сандра Хернандез, стилист во фризерски салон во Хавана, кој ги користи за собирање на коса.

“Целта е да се фатат поголемите риби”, вели рибарот Ангел Луис Нунез

Поради страв од нелегална емиграција постојат ограничувања за движење на бродови и  редовно има строги контроли од страна на властите по должината на брегот. Поради овие обраничувања рибарите измислиле пловки кои одат подалеку од дозволените рибарски линии. Неколку надуени кондоми врзани заедно им овозможуваат на овие рибари да не бидат ограничени за ловење само покрај брегот.

Хериберто Лопез фрла надуени кондоми на риболов. Фото: REUTERS/Alexandre Meneghini Хавана, Куба. 3 мај 2018 година

Се користат и како шарени балони на концерти и детски роденденски забави.

Можеби најисправна и најоргинална употреба на кондомите е онаа на Орест Естевез. Во неговата импровизирана винарија во неговиот дом во Хавана, тој ги покрива грлата на  шишињата во кои има овошје со кондоми.

Како функционира изумот: Кондомот се надува и станува исправено додека се ослободуваат гасови и трае ферментацијата, кога кондомот ќе падне, процесот е завршен. Естевез потоа го продава виното во неговата импровизирана винарија.

“Тоа навистина го зголемува процентот на алкохол и го подобрува процесот на ферментација, како и избиструвањето на виното”, вели домашниот винар.

www.gossip.mk

 

Кондомите на Куба се користат и за правење вино

Кубанците најдоа многу начини за користење на кондомите. Се користат при риболов , во ферментација на вино, при поправка на пукнатини , па дури и како гумички за коса.

Gepostet von Gossip.mk am Donnerstag, 6. September 2018

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here