Папата Франциск утрово слета на скопскиот аеродром. Скопје е веќе под полициска опсада, безбедноста е на највисико ниво, низ градот може да се забележат припадници на полицијата, специјалци, воена полиција…

Папата на аеродромот официјално беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, по што се упатија кон претседателската вила Водно каде што се одржа официјална церемонија, по што имаше обраќање пред државните власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор.

Посетата на папата Франциск, се оценува како историски чин, а се реализира во исклучително важен период за земјава, кога исчекорува по патот на европските и евроатлантските интеграции, ја зацврствува внатрешната кохезија и носи пораки за помирување и солидарност.

Поради посетата на папата во Скопје денеска има посебен безбедносен и сообраќаен режим.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here