На денешната седница, Владата на РМ донесе одлука 2 јануари да биде неработен ден за вработените во јавната администрација, со препорака истото да биде прифатено и од страна на приватниот сектор.

Првиот ден од Новата година е неработен за сите граѓани на државата, но сѐ до 2007 година неработен ден беше и 2 јануари.

Владата на Груевски во 2007 година одлучи да ја укине претходната долгогодишна традиција и  практика и го прогласи 2 ден од новата година за работен.

За сметка на тоа, прогласи нови празници и неработни денови, како што се Денот на ВМРО или неколку верски празници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here