Со секое вкусување ве враќа години наназад кога скришно крадевте по неколку крем банани од кутијата, без да ве видат и караат дека сите сте ги изеле.

Но, дали сте пробале некогаш сами да ги подготвите?

Потребни ви се само неколку состојки:

  • 200 ml вода
  • 750 g шеќер
  • 2 кесички желатин во прав
  • 1 шишенце екстракт од банана
  • 100 g чоколадо

 

Постапка:

Нека зоврие водата со шеќерот, додека не почне да пени, па оставете да се излади. Додајте го желатинот во неа, претходно добро растворен. Вратете го тенџерето со вода и желатин на шпорет, па мешајте околу 5 минути.

Тргнете го од оган и матете со миксерот, па додајте го и екстрактот и мешајте уште малку со миксерот. Потребни ви се и калапи по желба, премачкани со масло во кои ќе ја сипете смесата, и ќе ги ставите  во фрижидер.

На крај полијте ги со стопено чоколадо на пареа и оставете да се стврднат.

Напомена: Доколку немате калапчиња во вид на банани, истата смеса и постапка може да ја сипете во плех, па да исечете коцки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here