Викторија Лоба наскоро ќе заплива во брачните води. Популарната пејачка го прифати предлогот за брак на бизнисменот Ѓорги Калешов.
30-годишната македонска ѕвезда го покажа свршеничкиот прстен на јавноста.
Викторија и Ѓорги долги години се во врска. Минатиот месец тие заедно беа на патување во Мајами.
Лоба имаше споделено дека официјализирањето на врската со брак не е толку важно за неа колку поврзаноста со партнерот. „Јас имам изградено став за семејството. Мојот став е дека кога две индивидуи ќе се сплотат во едно на емотивно, духовно и секакво можно убаво ниво, тогаш тие стануваат семејство. Потписот, како што сум кажала, никогаш не ми бил важен, е само формалност за еве да направиме некоја забава за сите наши најблиски и така натаму… Кога ќе дојде време за славење, ќе бидете сите повикани“, рече таа.