Новинарот Фуркан Салиу влезе во Инфективната клиника Скопје, на одделението за Интензивна нега каде што се лекуваат најтешко болните од Корона. Притоа направи и интервју со неколку пациенти на кои состојбата им се подоброува.
Фуркан Салиу на својот профил на фејсбук сподели фотографија со докторот Фадил Цана, како и видеото од посетата.
“Само што завршив со снимање на инфективна. Тие што сеуште не го сфаќаат корона вирусот сериозно, ги поканувам да го погледнат материјалот на Клан Македонија.”
Голема благодарност до доктор Фадил Цана којшто не само што работи без престан, туку и се грижи јавноста да биде информирана, што во ваква ситуација е многу важно. Благодарност и до директорката Милена Стевановиќ и Министерот Венко Филипче за разбирањето.
Извор: фејсбук клан телевизија