Вчера околу пладне жена си го изми задникот на градската чешма во центарот на Куманово, пред очите на голем број на случајни минувачи.
Луѓето кои се нашле во моментот во близина не можеле да веруваат што гледаат со свои очи. Жената облечена во јакна и качулка на главата дошла до фонтанат ги соблекла пантолоните и почнала да се замива. Некои од случајните минувачи и приговориле, но таа не обрнувала внимание, по што кога завршила си заминала.
„Стоев до автомобилот и во еден момент кога се свртев гледам гол газ до фонтанатa. И викнав на жената, но таа се направи дека не ме слуша. Додека да го земам телефонот од колата таа убаво се изми”, – раскажува очевидец кој снимаи само дел од случката и го прати видеото на порталот Kumanovonews.мк.