Тамара Тодевска вечерва четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа ќе настапи под реден број 17, а придружни вокали ќе ѝ бидат Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.

Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.

Прв настап на Евровизија Тамара настапува во 2004 кога е придружен вокал на Тоше Проески.

Во 2008 година е нејзиниот втор настап на Евровизија како главен изведувач заедно со Врчак и Адријан Ѓаџа.

Третиот настап на Евровизија го има во 2014 како една од придружните вокали на нејзината сестра Тијана Дапчевиќ.

Се започна уште во 1991 кога за прв пат Тамара на само шест години настапува на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пејачки и сестри Маријана и Росана.

Мала, слатка, шармантна и талентирана, со лице кое сигурно ќе го препознаевте и без да го прочитате нејзиното име.

Видео од настапот на Тамара со сестрите Маријана и Росана на Макфест 1991 година

После долго време во 1997 год. заедно со сестра и Тијана го земаат второто место на “Скопскиот фестивал” со песната “Луда игра”.

Во 2001 год Тамара ја започнува својата соло кариера со синглот „Дали знам” дело на Роберт Билбилов.

Со истата настапува на фестивалот “Сунчане Скале” во Херцег Нови во 2002 и освојува трето место. По Дали знам во 2002 година следува уште еден сингл Месечар. Истата година ги собира сите награди како дебитант на годината. Заедно со нејзината мајка Бранка на “Охрид фест” ја освојуваат третата награда со песната Кога би можел.

Успесите се редат еден по еден а Тамара станува еден од најдобрите вокали во Македонија.

Вечерва со песната „Proud“ („Горда“) ќе настапи во втората полуфинална вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел, да се надеваме дека ќе настапува и на финалето кое ќе се одржи в сабота, 18 мај.

www.gossip.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here