Кога ќе се спомне Блага Петреска веднаш ја поврзуваме со народната музика, но нејзините почетоци всушност биле со забавната музика. Првите снимки како интерпретатор ги направила со оркестарот на Кочо Петровски (македонски музичар) за РТБ а подоцна за повеќе македонски издавачки куќи снимила голем број плочи, ЦД и други носачи на звук со разни оркестари и групи.

Блага Петреска завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот народен театар во Скопје. Ја играла насловната улога во драмата „Коштана“ заедно со Петре Прличко.

Ова ретка снимка е од фестивалот “ОМЛАДИНА” кој се одржал 1967  во Суботица. Автор на песната  е Ѓорги Димитровски.

 

Еве уште една забавна мелодија од Блага Петреска со наслов „После се“ а станува збор за македонска верзија на евровизиска песна од 1972 со наслов “Apres toi” 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here