Италија се бори со силни ветрови и поројни дождови, што го сменија и вообичаениот лик на Венеција.

Зголеменото ниво на вода ги поплави славните плоштади и шеталишта и властите велат дека 75% од градот моментално е под вода. Централниот плоштад „Свети Марко“ беше затворен вчера, откако нивото на водата ја достигна критичната точка од 156 сантиметри, што е четврто највисоко ниво регистрирано во историјата.

И покрај тоа, голем број луѓе, како туристи, така и локални жители, не дозволија ова да им го упропасти денот, па облекоа високи гумени чизми за да се пробиваат низ водата. На некои места се поставени и дрвени штици за полесно поминување.

Метеоролозите најавуваат дека лошото време ќе продолжи, па властите ги предупредија граѓаните да бидат подготвени за дополнителни прекини во сообраќајот и услугите.

Венеција поплава

Рестораните во Венеција работат нормално и покрај поплавата.https://www.mkd.gossip.mk

Gepostet von Gossip.mk am Mittwoch, 31. Oktober 2018

Извор: смарт.сдк.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here