Дарко Гелев – Брејк и неговата сопруга Драгана Клопчевска има за што да се радуваат. Познатиот македонски пар го доби своето второ заедничко дете.
Од бракот со Клопчевска го има и синот Давид (5). Неговиот прв син Марко има 19 години.
Поранешната Мис на Македонија сподели албум со фотографии од новородената ќерка и откри дека ќе се вика Деа.
„Во 03:44, денес се роди Деа 3.340 грама, 52 сантими со апгар 9/10. Те сакаме малечка наша“ – напиша во описот.
Ова е добра прилика и да се потсетиме на еден од најголемите хитови на Брејк: