Болничарот Нилс Хегел денеска е осуден на доживотна казна затвор за убиство на 85 пациенти додека работел како болничар во неколку болници на северозапад на Германија.

,,Процесот и делата за кои овде расправаме ги надминува сите досегашни граници. Вашата вина е невидена.” , рече судијата на судот во Олденбург, Себастијан Берман додека ја изрекуваше пресудата.

Судијата освен доживотна казна затвор , што во Германија е ограничена на 15 години , на 42- годишниот болничар му изрече казна за посебно тешка вина , со што нема да излезе од затвор по 15 години.

Судијата рече дека доколку на Хегел му се судеше во САД ,ќе беше осуден на 1275 години затвор.  Тој е осуден за 100 убиства , но биле докажани 85 , а самиот ја признал винатаза 49 убиства.

Тој во периодот од 2000 до 2005 на пациентите им давал опасни комбинации од лекови , а потоа ги,,спасувал” со цел да си го подигне угледот меѓу колегите.

Но, во стотина случаи обидите за ,,спасуваљње” не биле успешни и пациентите , повеќето стари лица, умирале.  Овој случај се смета за најмасовен случај на убиства во поновата германска историја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here