Најмоќниот брачен пар на светската музичка сцена Бијонсе и Џеј Зи е на светска турнеја. Медиумите пишуваат многу за оваа турнеа а меѓу другото славниот пар беше обвинет дека делел бесплатни карти на улица за да ја пополни арената на концерт во Глазгов.
Концертот во Варшава – Полска овој викенд помина одличено, но кон крајот на нивното шоу во саботата вечерта Beyonce се заглави на “летачка сцена” која е дел од нивниот настап.
Сцената престанала да функционира а Бијонсе облечена во трико и високи потпртици морала да се симне по скали. Фановите веднаш и дадоа поддршка и охрабрување на својата омилена ѕвезда.
Техничарите веднаш пронашле скали ги подигнаа до Бијонсе, но дури тогаш започна вистинската мака, дали музичката ѕвезда ќе се согласи да се симне по скалите.По кратко нагодување и местење Бијонсе се симна на бината.
https://www.youtube.com/watch?v=f_PDpKkPcQE
https://www.youtube.com/watch?v=0akKdcF_6gs