76-годишната соул пејачката Арета Френклин се наоѓа во критична состојба. Лекарите од детроитската болница се борат за нејзиниот живот кој е во опасност, а нејзиното потесно семејство, според медиумските информации, веќе се подготвува за најлошото, поради не баш оптимистичките лекарски прогнози.

Таа долги години се бореше со срцеви заболувања, вишок на килограми и алкохолизам, а долго време беше и страсен пушач на цигари, поради тоа често беше под докторска нега.  Нејзиниот последен настап беше на 2 ноември 2017 година, кога пееше на фестивалот организиран од страна на фондацијата на Елтон Џон.

Арета е првата жена што се здоби со место во Рокенрол куќата на славнитe во 1987 година, а списанието Ролинстон ја стави на листата уметници за сите времиња.

Арета има освоено 20 Греми награди за време на нејзината кариера, вклучувајќи ја и таа за животно дело.

Пејачката врвот на кариерата го доживеа при крајот на 60-тите години, а нејзините песни „Respect“ и „Chain Of Fools“ станаа класици.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here