Најпопуларната македонска апликација во моментов AirCare (МојВоздух) се приклучува на напорите за справување со пандемијата на коронавирусот КОВИД-19.

Во соработка со Министерството за здравство апликацијата додаде функционалност која овозможува и следење на најважните вести и нотификации поврзани со епидемијата во Македонија. Апликацијата ќе испраќа нотификации при промена на статусот, важни вести и промени во препораките за коронавирусот. Дополнително во делот за вести може да пронајдете и совети кои мерки да ги преземете за да бидете побезбедни.

За нотификациите е потребно да ги имате најновата верзија на апликацијата и секако да ги ги вклучите нотификациите. Ако апликациите не ви се вклучени или ако не знаете дали ви се вклучени за да проверите направете ги следниве чекори:

  1. Отворете ја апликацијата МојВоздух/AirCare
  2. Од менито во горниот лев агол пронајдете го „Push notification“ делот и активирајте ги нотификациите.

Дополнително во делот за вести (доле лево) сега може да прочитате и вести поврзани за КОВИД-19.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here