Адвокатот на славниот актер Морган Фриман побара од „CNN“ да ја повлечат приказната во која холивудската ѕвезда е обвинета за повеќе случаи на сексуално вознемирување.

„До CNN доставивме објективни докази, како и изјави од наводните жртви кои негираат дека инцидентите навистина се случиле“, вели адвокатот Роберт Шварц во своето обраќање.

Тој го обвини „CNN“ за манипулација, лага, злоупотреба, новинарска несовесност и недостаток на уредничка контрола.

„Им докажавме на „CNN“, без никакво сомнение, дека целата оваа приказна е измислена. Со нападот над Морган Фриман комплетно е доведена во прашање веродостојноста на „CNN“, порача тој.

Шестнаесет жени, меѓу кои осум тврдеа дека се жртви, минатата недела за „CNN“ опишаа низа на проблематични потези од страна на Морган Фриман на филмските сетови и промотивни турнеи.

Фриман јавно се извини веднаш после објавата на приказната.

„Секој кој ме познава или работел со мене знае дека не сум личност која би навредила некого. Им се извинувам на сите кои се чувствуваат непријатно или понижено, тоа никако не беше мојата цел“, Изјави Фриман.

Новинарка на „CNN“, Клое Мелас, истакна дека нејзината средба со Фриман, кога била во шестиот месец од бременоста, всушност ја поттикнало да ја продуцира оваа приказна.

Таа вели дека Фриман постојано ја гледал, а потоа и рекол „И јас би сакал да бидам внатре“.

Во приказната се наведуваат и изјави од неименувана асистентка на продуцент, која Фриман го обвинува дека и ги масирал рамењата без нејзино одобрение.

Во екот на холивудскиот скандал со Харви Вајнстин и другите актери кои сексуално злоставуваа жени, обвинение за такво непристојно однесување доби и еден од најпочитуваните и најверодостојните американски актери.

Тајра Мартин, една од жртвите на кои „CNN“ се повикува во приказната, сега го негираше ставот дека го обвинува Фриман, односно вели дека нејзините зборови се „протолкувани на многу погрешен начин“.

„Моите зборови се извадени од контекст“, вели таа.

Мартин призна дека и било незгодно кога после едно интервју станала, а Фриман и рекол да не го спушта фустанот кој случајно се кренал, но таа додаде дека разговорите со холивудската ѕвезда „секогаш и биле забавни“.

И покрај извинувањето, Фриман подоцна сепак на еден начин ја негираше оваа приказна, изразувајќи го своето разочарување од новинарскиот извештај.

„Очаен сум поради тоа што 80 години од мојот живот можат да бидат уништени за само еден миг, поради еден медиумски извештај“, изјави Фриман.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here