Славниот шведски диџеј Тим Берлинг, во јавноста уште попознат како диџеј Авичи, погребан е во приватна церемонија за семејството и најблиските пријатели на музичарот во родниот град Стокхолм на познатите „шумски“ гробишта.

„Погребан е минатиот петок во присуство на семејството и најблиските пријатели“, изјави публицистката Еба Линдквист.

Американскиот музичар Џеси Вејтс на социјалните мрежи објави фотографија од лист со ноти, врз кои е испишано вистинското име на Авичи.

Берглинг почина во април во хотелска соба во Оман, каде се наоѓаше на одмор.

Според пишувањата на американските медиуми, тој почина поради загуба на голема количина на крв, откако се исече со стакло од скршено шише.

Сепак и два месеци по смртта се уште не е објавена вистинската причина за смртта на музичарот, а неговото семејство во еден наврат откако во медиумите се пишуваше дека тој се самоубил откри дека нивниот син се борел со црни мисли.

Тие додаваат дека музичарот бил нежна уметничка душа и осетливо момче кое не било доволно силно за машинеријата во која прерано влезе. Него го мачеле и филозофски мисли околу значењето на животот и поимот за среќа, но и дека сакал да го пронајде својот мир.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here